Категории

Од што зависи каква боја на очи ќе има бебето

Бојата на очите се движи од вообичаената кафеава до најретката зелена боја, а комбинацијата на бојата на очите на родителите одредува која боја на очи ќе ја има детето. Покрај стандардната сина, кафеава и зелена, одредени генетски мутации можат да доведат до појава на црни, виолетови или црвени очи. Самата боја е наследна полигенска одлика.

Ако и двајцата родители имаат сини очи, детето ќе ги има истите очи во 99% од случаите, а само 1% имаат шанса да имаат зелени очи. Според генетските правила, невозможно е дете од родители со сини очи да има кафени очи. Ако едниот родител има сини, а другиот зелени очи, детето има еднакви шанси да има и зелени и сини очи, додека не може да има кафени очи. Кога станува збор за родителите со зелени очи, детето може да има зелени очи (75%), додека шансите за сини очи се 25%, а нема шанси за кафени очи.

Ако едниот родител има сини очи, а другиот има кафени очи, детето може да има кафени или сини очи, додека шансите за зелена боја се скоро невозможни. Ако родителите имаат мешавина од кафени и зелени очи, детето има 12% шанси да има сини очи, 7% шанси зелени очи и 50% шанси да има кафени очи. Двајцата родители со кафени очи можат да имаат дете со сите бои на очите во проценти: сина 19%, зелена 7% и кафеава 74%.

Прегледи:
162
Објавено на:
08.03.2021