Категории

Од стриите создава уметност и ги учи жените да го сакаат своето тело

Јапонската техника позната како Kintsugi е вештина на поправање на скршените керамички предмети со мешавина од злато, сребро и платинум, што ја инспирирало пакистанската артистка Sarah Shakeel да започне го прави токму тоа, но со човековото тело.

Филозофијата зад овој вид на поправка е поправање на скршените делови, не со намера да се затскријат, туку со намера да се истакне и прослави минатото и историјата која е всушност дел од приказната на тој предмет.

Стриите се лузни кои сведочат за промените низ кои минува човековото тело, процес на трансформација, процес на растење, на создавање на нов живот, а тоа треба да се истакне и прослави, без да постои срам и прикривање на овие белези.

Таа создава уметност од женските тела, подигајќи ја свеста за вистинската убавина на стриите, односно приказните зад нив, а тоа го прави на умешен начин со што го привлече виманието на многумина на социјалните мрежи, а своите следачи ги поттикнува да и испратат фотографии за да ги обрабори со дигитална техника која треба да ги научи жените да си го сакаат своето тело и сите белези кои животот ги оставил на нивното тело.

 

Прегледи:
539
Објавено на:
23.11.2017