Категории

Од утре пресврт: Се најавува страшно невреме

Утре ќе преовладува претежно облачно време со повремени врнежи од дожд, особено во западните делови, кој попладне и во вечерните часови можно е краткотрајно да биде пороен и проследен со ретка појава на грмежи. Ќе дува умерен, на места повремено засилен јужен ветер.

Во недела на повеќе места ќе има врнежи од дожд, локално проследени со грмежи и со умерен до засилен североисточен ветер,

Температурата ќе опадне за 4 до 5 степени во споредба со утрешната. Локален дожд со услови за ретки грмежи се очекуваат и во текот на следната работна недела, кога поради јужното воздушно струење, дневните температури повторно ќе бидат во пораст.

Прегледи:
384
Објавено на:
28.04.2017