Категории

Од утре претставите на МНТ ќе може да ги гледаме онлајн

Публиката од утре ќе има можност од своите домови да ужива во претставите на репертоарот на МНТ.


„Драга публико, бидејќи овие денови не можете да уживате во магијата на театарската игра, МНТ е секогаш тука за вас. Од утре со почеток од 20 часот стартуваме онлајн и во вашите домови, каде што бесплатно преку нашиот YouTube-канал можете да ги гледате претставите со следниот редослед: 18.3. „Сомнително лице“, 19.3. „Изгубени Германци“, 20.3. „Парите се отепувачка“, 23.3. „Да тргнеме Сењор“ и 24.3. „Мајсторот и Маргарита“.

Останете дома, почитувајте ги препораките, бидете со нас и гледајте нѐ онлајн, велат во соопштението на својата официјална страница од МНТ.