Одговор на контроверзното прашање – Колку поранешни партнери се премногу?

Судејќи според одговорите на половина од испитаниците, и 46% од мажите, идеален број на поранешни партнери е 10..

Одговорот на ова контроверзно прашање го понуди британскиот портал за спојување на партнери “Seeking Arrangement” откако анкетираше 1,000 од своите членови. Судејќи спрема одговорите на половина од испитаниците и 46% од мажите, идеален број на поранешни партнери е 10, ни помалце ни повеќе. Од друга страна, 36% од испитаниците и 42% од испитаниците, би биле најсреќни кога личноста во нивниот живот има помалку љубовно искуство.

Исто така постојат и такви кои преферираат искусни личности – 11% од припадничките на понежниот пол и 10% од мажите посакуваат личност која имала помеѓу 10 и 30 партнери, додека само 3% од испитаниците бараат личност која имала и повеќе од 30 „врски“.

Со слично истражување се занимаваа и истражувачите од Универзитетот Индијана кои понудија решение за дилемата околу тоа со колку партнери треба да бидете пред да одлучите да стапите во брак.

„Соочени со оваа дилема, најдобрата стратегија за одбирање на брачен партнер е да излегувате со доволно луѓе за да можете да ги поставите вашите стандарди, а со тоа да можете да стапите во брак со следната личност која ќе ги исполнува истите.“ – објаснува Питер Тод, водич на истражувањето. Според неговата формула, тоа е партнерот број 12.

Според него, ако сте излегувале со повеќе од 12 личност, тогаш веројатно сте премногу пребирливи, но ако вашата „колекција“ содржи помал број на партнери, а сеуште не сте го пронашле оној вистинскиот, тогаш слободно продолжете со потрагата.




Коментари

[fbcomments]