Категории

Одговорот на сите прашања кои ве мачат ќе го пронајдете длабоко во себе

„Да. Ме познавате и знаете од каде сум. А сепак не дојдов од себе; постои некој вистинит кој ме испраил. Него вие не го знаете. Јас го знам затоа што сум од него, и тој ме испрати.“

Кој сум навистина? Од каде дојдов на овој свет? Кој ме испрати? Зошто?
Сите тие се прашања на кои секој на свој начин наоѓа одговор. Во редовниот тек на времето, зафатени со грижа и трка околу значајни и безначајни нешта, со неможност да се разликува она кое е вистински важно и неопходно од она кое е вишок и бескорисно, овие прашања не допираат до нас: остануваат како пареа што исчезнува во далечината.

И тогаш животот се погрижува да ги чуеме тие прашања, затоа што всушност, тие не засегаат многу длабоко. Кога ќе исчезне трката, забрзаноста, кога ќе останеме сами со себе и со најблиските, тие прашања „од каде сум и кој ме испрати“ одеднаш се појавуваат од длабочината на битието и заслепуваат со својата сила, исчекувајќи одговор. Тогаш повеќе нема бегање и сокривање позади обврските и грижите за иднината, одговорот секој го дава сам за себе.

Прегледи:
88
Објавено на:
02.12.2020