Категории

Одличен е за мускулите и коските, полн е со витамини. Зошто треба да јадете свеж спанаќ?

Свежиот спанаќ се јаде и како замена за рукола, бидејќи има неутрален вкус. Во споредба со варениот спанаќ (со разни додатоци), свежиот спанаќ има многу малку калории и преполн е со хранливи материи. Постојат многу причини зошто треба да се најде на вашето секојдневно мени.

Спанаќот ни помага да бидеме фит

Кога станува збор за железото, спанаќот е преценет. Меѓутоа, го има повеќе отколку во другите зеленчуци, па доколку би јаделе секој ден спанаќ, ќе внесеме доволно железо во организмот. Ситуацијата е иста и со другите хранливи материи: витамин Ц не штити од воспаленија, витамин А е одличен за очите. Магнезиумот го регулира крвниот притисок веќе неколку секунди по консумацијата на порција салата од спанаќ. Овој зеленчук исто така е добар за нашата меморија.

Спанаќот не штити од болести

Нитратите од спанаќот исто така се добри за нашето здравје. Произведуваат јаглероден моноксид кој му помага на телото да го спречи настанувањето на тромб или срцев удар. Освен тоа, спанаќот може да помогне и при рак – се покажал позитивен ефект при заболувањето од рак на дојка, простата и рак на кожа. Магнезиумот и антиоксидансите спречуваат настанување на дијабетес.

Помага при слабеење

Спанаќот има малку калории, а сепак заситува. Совршен зеленчук за слабеење. Научниците во едно истражување откриле дека спанаќот како додаток во исхраната навистина помага при слабеење. Меѓутоа, најдобро е да го консумирате свеж, бидејќи како прилог, варен со маслиново масло и павлака има двојно повеќе калории.