Категории

Одличен трик како стариот леб да стане повторно свеж како штотуку изваден од рерна

Една мајка откри одличен трик на Фејсбук за тоа како да го направите стариот леб свеж и миризлив. Постојат бројни групи на социјалните медиуми кои споделуваат одлични совети за домаќинството и храната. Една од нив е групата на Фејсбук „Budget Friendly Meals Australia“, а една мајка ја сподели својата идеја како да се спаси застоениот леб од фрлање.

– Мајка ми ми го откри трикот што го користеше нејзината мајка, и навистина функционира – откри таа.

За почеток, загрејте ја рерната на 200 степени Целзиусови, потоа ставете го лебот под чешмата и оставете ја водата да тече.
„Се што треба да направите е да го ставите пецивото под чешма да стане влажно, а потоа да го ставите во рерната неколку минути. Ќе стане исто како да го купивте во пекарница. Толку свежо и толку вкусно“ – напиша таа.

Останатите членови на групата беа изненадени од овој трик. Некои од коментарите беа: „Дефинитивно мора да го пробам ова“, „Ова е толку добра идеја“, „Фрлив леб неодамна, но нема да го правам тоа повеќе!“

Прегледи:
97
Објавено на:
16.08.2021