Одлична боја за софистицирани дами: Додадете ја во дневната облека и изгледајте како модна икона!

Зимската сезона секогаш со себе носи и интересна палета на бои која ги разубавува тмурните денови без сонце. Освен тренди нијансите кои се менуваат од година во година, одредени бои секогаш се во мода.

Станува збор за класичните нијанси како што се камел и бојата на црвено вино, кои се идеален избор за софистицирани дами, но и нежните розови нијанси.

Оваа година се придружуваат и сите нијанси на чоколадо и карамела, но и колку повеќе се приближуваат празниците, толку повеќе фокусот е на темно црвените нијанси на црвената боја.

Познатата „бургунди“ боја е луксузен додаток на зимската гардероба, а одлично изгледа во комбнација со веќе споменатата камел боја.

Софистициран впечаток на секоја зимска комбинација и даваат и кожните додатоци во оваа нијанса – изберете набрани чизми или класична торба во боја на црвено вино.




Коментари

коментари