Категории

Одложувањето на обврските го подобрува расположението

Нашата тенденција да ги оставаме работите за „утре“, иако знаеме дека не би требало да го направиме тоа- не значи дека сме мрзеливи или дека не знаеме да го организираме времето. Да се одложуваат обврските значи да се биде човек.

Тешката задача која треба да ја завршиме може да предизвика непријатни чувства како досада, нервоза, мрзеливост или несигурност во себе. Кога одложуваме нешто што ни носи негативни емоции, чувствуваме олеснување- барем на кратко.
„Вие се наградувате себе си со одложувањето“- истакнува Fuschia Sirois, професорка по психологија на Универзитетот „Sheffieled“, САД. Тоа објаснува зашто одложувањето станува навика, и тоа таква навика која ја намалува нашата продуктивност.
„Одложувањето е проблем на регулирање на емоциите, а не проблем на организирање на времето“- тврди Tim Parjkil, професор по психологија на Универзитетот „Carleton“- Канада.
Тој во своето истражување утврдил дека одложувањето на обврските му дава приоритет на краткотрајното подобрување на расположението. Луѓето се програмирани да ги отргнат сите закани во сегашноста.
„Не сме создадени да размислуваме за иднината, затоа што мораме да се насочиме кон тоа да ни биде убаво во моментот и местото каде што сме“- вели Hal Hersfild, психолог на Универзитетот „California“-Лос Анџелес.
Таа кратковидост може да објасни зашто луѓето од некои работи бегаат-ги одложуваат. Тие не пронаоѓаат олеснување во одложувањето на обврската, туку во тоа да ја завршат пред зададеното време.
„Тоа е како да одите во продавница, да ја наполните корпата со јаболки, а потоа да ги носите со себе додека ги купувате останатите намирници, иако повторно ќе поминете покрај јаболките на патот до касата“- дециден е Dejvid Rozenbaum, професор по психологија на Универзитетот „California“- Риверсајд.
Истражувањето покажува дека тоа го правиме за да се ослободиме од меморијата, објаснува тој. „Толку многу е ментално напорно во главата да ја носиме листата со задачи кои треба да ги завршиме, па се впуштаме во однесување кое ќе го намали нашето когнитивно оптеретување, па дури и ако тоа значи дека ќе мораме да вложиме повеќе енергија“-истакнува Rozenbaum.
Tоа може да биде контрапродуктивно, но може и да ни отежнува во извршувањето на покомплексни обврски.
За да ја избегнеме оваа замка, професионалците препорачуваат да пронајдеме начин да си го олесниме менталниот напор, или да направиме распоред кога ќе ги прегледуваме мејловите, наместо да одговараме на истите веднаш штом ќе пристигне нова порака.
Одморот од електронските уреди исто така би можел да ја подобри нашата продуктивност. Истражувањата покажале дека кога нешто ни одвлекува внимание од обврската, времето кое ни е потребно за повторно да се фокусираме на истата, доведува со стрес кој негативно влијае на нашата продуктивност.


„Да бидеш достапен на сите и постојано е исцрпувачки“- тврди Catherine Price, авторка на книгата „Како да раскинете со својот телефон“.
„Мораме свесно да бидеме недостапни за да го сочуваме здравиот разум“.
Таа предлага повремен одмор од телефонот, на пример додека сте на работа или дома, па дури и цели 24 часа- симптомите како анксиозност или нервоза значително ќе се намалат.
„Не се откажувајте и за изненадувачки кратко време анксиозноста ќе се претвори во пријатно чувство на смиреност“- додава Catherine Price.
Тогаш цветаат продуктивноста и креативноста кои овозможуваат да се насочите на обврските кои мислите дека се најважни.