Категории

Одморете се како Швеѓаните: Антирес пауза што ќе ви го разубави денот

На север на Европа, во прекрасната Шведска, постои вистинска институција за пауза за ручек која датира уште од 18 век …

За повеќето луѓе, паузата за кафе обично подразбира кратко излегување од работа до локалното кафуле или одење во канцелариската кујна. Во северна Европа, во преубавата Шведска, постои институција пауза за ручек која датира уште од 18 век.

Го нарекуваат фика и обично вклучува излегување од работа со колегите на кафе и јадење нешто слатко, најчесто ролни од цимет.

Швеѓаните одат на фика помеѓу 10 и 15 часот. Фика има важна социјална функција во однос на поврзување со колегите, а да не заборавиме дека една студија од Американскиот институт за технологија од 2009 година откри дека оние вработени кои се дружат со колегите за време на работата остваруваат 10 до 15 проценти поголема продуктивност од луѓето кои не се дружат со колегите. Друга студија открила дека ручекот пред компјутер влијае да консумираме поголема количина храна.

 

Затоа, за време на следната пауза за ручек, одете на фика и поканете ги пријателите да ви се придружат. Швеѓаните претпочитаат потемно, посилно кафе, па можете да нарачате нешто во нивниот стил.

Прегледи:
411
Објавено на:
05.11.2019