Категории

Одредени видови на риби кога се под стрес го менуваат полот!

Научниците откриле дека некои риби го менуваат полот од стрес.

Истражувачите од Нов Зеланд го понудиле првото детално гледиште за молекуларниот механизам кој на некои видови на риби им овозможува да го променат полот.
Припадниците на околу 500 видови на риби може да го променат полот кога ќе созреат и околностите ќе го бараат тоа.
Со истражувањето на еден вид на тропски риби чии женки може да се претворат во мажјаци, откриено е дека промената на полот ја предизвикува стресот.
Тие наведуваат дека стресот влијае на тоа да се „исклучат“ првобитните женски гени на рибите, а да се „уклучат“ гени за новиот, машки пол.
Процесот бара целосно репрограмирање на генетските информации на рибите.
Истражувачите наведуваат дека промената на полот се одвива брзо: женката го менува однесувањето за неколку минути до неколку часа, а за 8-10 дена се претвора во мажјак.