Одржувајте дистанца од луѓето кои се негативни

Одржувајте дистанца од луѓето кои се полни со негативност, луѓе кои ги повредуваат туѓите чувства и кои немаат нималку почит за другите.

Таквата дистанца е особено значајна ако сакате да водите пријатен и исполнет живот. Одржувајте дистанца од луѓето на кои не им значат ништо туѓите соништа, луѓето кои ги задоволува туѓата пропаст. Луѓето на кои сте им последна опција во животот и такви кои на тој начин ви покажуваат колку сте незначајни во нивниот живот.

Одржувајте дистанца од оние луѓе кои се кријат позади маската на лажната љубезност додека позади вас прават се за да ве смалат во туѓите очи. Од луѓето кои ве трујат со својата негативност, кои имаат проблем за секое решение, кои уживаат во драмата. Одржувајте дистанца од луѓе кои никогаш не ве пофалиле нити застанале во ваша одбрана, луѓе кои уживаат кога ќе ве видат како се мачите. Одржувајте дистанца од сите оние кои со своето присуство го замрачуваат вашето секојдневие, одржувајте дистанца за да можете слободно да дишете.




Коментари

[fbcomments]