Категории

Официјална програма за „ПИВО ФЕСТ 2016“

Прилеп е подготвен за одржување на 14-тиот фестивал на „Пиво фест 2016“ што ќе се одржи од 14 до 17 јули.

И оваа година се очекуваат над 350.000 посетители на четирите фестивалски вечери од земјава и од Балканот.

На 20.000 метри квадратни ќе бидат поставени 30-тина штандови, на гостите на располагање им се околу 20.000 паркинг места, хотелските капацитети и приватното сместување се речиси исполнети, а место се бара и во околните градови. За да се обезбеди подобра услуга ќе биде продолжено и работното време на сите трговски и угостителски објекти во градот.

Фестивалот на пивото и оваа година најавува одлична забава со македонското девојче Каролина Гочева, Crossroad Blues Band, познатата ска – панк група од Белград „Самостални референти“, Fly Project, Raphael, Тропико Бенд, Рада Манојловиќ, Хари Мата Хари, Александра Радовиќ, Миле Кузмановски, Bang La Decks, Дејан Петровиќ, Парни Ваљак како и познатата балканска ѕвезда Аца Лукас.

Ова се точните термини на изведувачите на сцената:

Организаторот на „Фестивал на пивото 2015″, за сите посетители обезбедува кампинг во паркот на Могилата.

Кампувањето е бесплатноза сите кампери и не е потребна претходна најава или регистрација.

Кампингот се наоѓа на обележана локација на паркот на револуцијата — Могила и е на само 10 мин пешачење до фестивалот.

Во состав на кампингот се наоѓаат бројни спортски комплекси кои камперите можат да ги користат за време на својот престој.

Организаторот за камперите обезбедува:

–Бесплатен кампинг простор со комплетно обезбедени хигиенски и санитарни услови

–Паркинг

–Доручек и кафе за камперите секое утро од 09.0011.00 часот

Не е дозволено:

–Внесување и користење на дрога и опојни супстанции

–Носење на оружје и распрскувачки материјали

–Фрлање на отпад

–Пиротехника и запаливи средства

–Палење оган

–Паркирање на зелените површини

–Миленичиња

–Нарушување на јавниот ред и мир во кампингот

Во насока на зачувување на здрава животна средина и чистотата на паркот, обезбедени се и маркирани соодветни корпи за отпадоци!

Прегледи:
515
Објавено на:
25.06.2016