Официјално ова е најсексапилниот маж за 2018. година! (ФОТО)

Американскиот магазин People од 1985. година традиционално доделува признанија за најсексапилни мажи во светот. Оваа титула прв ја добил Мел Гибсон, кој тогаш имал 29. години.

Минатата година тоа беше кантри пејачот Блејк Шелтон. „Цел живот сум грд. Ако барем една година можам да бидам секси, го прифаќам тоа“, се пошегувал тогаш Шелтон.

Овогодинешната титула се враќа во актерски раце. Имено, People за најсексапилен маж во светот за 2018. година го прогласил британскиот актер Идрис Елба.

Застанав пред огледало, малку се загледав и си реков: „Да, денес си некако секси. Искрено, чувството беше убаво. Убаво изненадување кое му одговара на моето его“, рекол Идрис во интервјуто за магазинот по прогласувањето.

Згодниот 46. годишен актер се прослави со улогата во популарната американска криминалистичка серија „The Wire“, според мислењето на критичарите и публиката една од најдобрите ТВ серии на сите времиња. Позицијата на ценет актер ја зацврсти со улогата во британската серија „Luther“.




Коментари

коментари