Категории

ОФИЦИЈАЛНО: Раул Гонзалез e новиот селектор на машката ракометна репрезентација

Тренерот на машкиот ракометен шампион Вардар, Раул Гонзлаез ќе биде новиот селектор на македонската машка ракометна репрезентација.

Неговата промоција е закажа во 13 часот, веднаш по завршување на седницара на Управниот одбор на РФМ, кој што е во тек.

Шпанскиот стратег, кој беше единствениот кандидат за селекторското место по заминување на Лино Червар, ќе ја предводи Македонија во квалификациите за пласман на Европското првенство во Хрватска каде нашиот национален тим по првите две кола има една победа против Украина и еден пораз од Чешка.Во нашата група е и селекцијата на Исланд.

Прегледи:
413
Категории:
Ракомет · Спорт
Објавено на:
31.03.2017