Категории

Оглас за работа од соништата, или можеби не?

Многу луѓе се во потрага по работата од соништата. Дали ова би била идеалната работа за вас, или сепак не?

Ресторан дава плата за играње со кучиња. Ова е примамлив оглас за работа- чување на домашните миленичиња на сопствениците, додека тие уживаат во храната и друштвото во угостителскиот објект. Платата изнесува 100 долари по час.
Овој оглас го објавува ресторанот „Dog friendly MUTTS Canine Cantina“ во Тексас.
Помеѓу должностите на кандидатот кој ќе се вработи се игра со миленичињата и надзор на просторот наменет за домашни миленици надвор од ресторанот.
Меѓутоа, не е лесно да се добие работата. Имено, сопственикот на ресторанот Kajl Nunan, бара пријава за работа преку Инстраграм. На Инстраграм морате да поставите духовити фотографии или видео снимки, како и да објасните зашто верувате дека сте најдобри за таа работа.
Се молат кандидатите кои ќе аплицираат за работата да не бидат помлади од 18 години и да не се алергични на животни.