Огледалце, огледалце, од кога постоиш ти?

Огледалото е предмет кој секојдневно се употребува, а има корени од далечното минато. Во старите времиња огледалата се правеле од измазнет метал.

Денешните огледала се обично од измазнети стаклени плочи, со сребро на задната страна. Тука огледалото не е стакло, туку сребрена површина што ја одбива светлината и сликата. Стаклото само го заштитува мекото сребро да не се изгребе и да не потемне. Никогаш нема да дознаеме кога човекот,во прадамнешното доба, прв пат дошол на помислата да направи огледало.

Во времето кога настанала цивилизацијата во стара Грција, Египет и Рим, луѓето го прифатиле огледалото како мошне полезен предмет. Уште тогаш имале мали огледалца направени од тркалезни парчиња метали-месинг, бронза, сребро или злато, што можеле да ги носат насекаде со себе. Првите луѓе кои што научиле да прават огледала од стакло, со жива и калај од задната страна, биле Венецијанците. Околку 1300 година почнале да произведуваат такви огледала и за мошне кратко време тие ги замениле металните огледала кои дотогаш се употребувале илјадници години.




Коментари

коментари