Категории

Оливиа Кулпо – Мис Универзум и модна икона со префинет стил

За своите 24 години таа има освоени три титули за убавина од кои Мис Род Ајленд, Мис САД и Мис Универзум. Таа една од најбараните модели која се има појавено на насловните страници на бројни престижни модни списанија, успешно чекори во светот на актерството а во светот на модата таа е прогласена за новата модна икона. Таа зад себе има резиме од бројни престижни манифестации каде учествуваше како домаќин и презентер а меѓу нив се и минатогодишните Оскари.

Оливиа Кулпо е младата американска убавица со италијанско потекло која е поим за префинетост и елеганција. Нејзиниот стил е софистициран и женствен и поради тоа таа е една од нашите омилени трендсетерки чиј стил верно го следиме а веруваме дека ќе ве воодушеви и вам..

Прегледи:
492
Објавено на:
04.01.2017