Оливија Вајлд го дои својот син Отис, пред објективот на магазинот Glamour

Прекрасната актерка Оливија Вајлд за септемвриското издание на магазинот Glamour, се појавува во смело издание, доејќи го преслаткиот син Отис.

Триесетгодишната актерка, седи во класичен амерички ресторан, носејќи Roberto Cavalli фустан, со метален сјај и пердуви, Prada чевли и пурпурен Prada шал, Yossi Harari  обетки и впечатлив Lanvin прстен, но главниот фокус е нешто сосема друго. Држејќи го во раце, со десна оголена града, Оливија го дои нејзиното бебе Отис.

„Фотографирањето со Отис е совршено, бидејќи ниту еден приказ за мене во моментов не е комплетен без прикажување на мојата мајчина страна.“ – вели Вајлд за нејзиниот три месечен син, кој таа и нејзиниот вереник Џејсон Судејкис го добија на 20ти април годинава.

 

 




Коментари

коментари