Категории

Омилениот парфем го открива вашиот карактер

Изборот на омилениот парфем може многу да открие за нашата личност. Цветен, ориентален, цитрусен, ароматичен – тоа е збир на парфеми во кои сигурно се наоѓа и вашиот, а што тој открива за вас можете лесно да дознаете.

1. Цветни парфеми

Парфемите со цветна арома припаѓаат во најстарата група на мириси, бидејќи луѓето отсекогаш сакале да мирисаат на свежо цвеќе. Доколку пролетта и летото ви се омилени годишни времиња, многу е веројатно дека ќе изберете цветен парфем. Тие мириси се изразено женствени.

Оваа група на парфеми ја сакаат личности кои се разиграни и комуникативни, поради својата љубопитна природа. Нивниот мотив се вечниот оптимизам и желбата сите да бидат среќни. Љубовниот живот на корисниците на цветните парфеми е преполн со романтика.

2. Ориентален парфем

Вистинска доза на одважност која ретко кого остава рамнодушен, најчесто се поврзува со личности кои носат ориентални мириси. Овие парфеми се созадени за таинствени и сензуални жени.

Ориентални мирисни ноти бираат оние кои со своето појавување привлекуваат внимание, а мала доза на флерт е нивното тајно оружје, кое не наштетува никому. Љубителката на овој вид парфеми не можете да ја присилите на било што, а ако е повредена бргу се затвора. Површност и просечност се особините кои ја одбиваат.

3. Цитрусен парфем

Свежата цитрусна мешавина е наменета за друштвени и лежерни жени кои не се плашат од промени. Љубителите на цитрусот се многу амбициозни и родени лидери за кои слободно може да се каже дека се вистински алфа жени. Иницијативата и доминантноста се нивни одлики кои им помагаат брзо да ги решат сите предизвици во животот.

4. Ароматични парфеми

Личностите кои ја сакаат природата и нејзините земски наметливи ароми, најчесто посегнуваат по јак ароматичен парфем. Долго шетање во природа за време на есента, мирисот на свеж воздух и лисја, се само некои од радостите во кои уживаат.

Во љубовта највеќе ја сакаат слободата и тоа го бараат од својот партнер. Амбициозност и дарежливост се особините кои ги красат, а тоа го бараат и за возврат. Ароматични парфеми сакат самосвесните и креативни жени кои се вљубеници во необични работи и не се плашат тоа да го покажат.

Прегледи:
428
Објавено на:
12.03.2018