Он-лајн гејминг викенд организиран од Македонската Еспорт Асоцијација

Скопје, 13.08.2020 – Во текот на престојниот викенд Македонската Еспорт Асоцијација организира
натпреварувања во три игри и тоа: популарната Dota 2 со натпреварување 1 против 1 (Сабота – 15.08);
мобилната игра и интернационална сензација Clash Royale (Недела – 16.08) и турнир во шах
(Понеделник – 17.08), кој со помош на интернетот во последниот период повторно се враќа со огромна
популарност.
Сите овие натпреварувања ќе се одвиваат он-лајн со цел помогање во борбата против нашата нова
реалност, пандемијата предизвикана од вирусот Ковид-19. Како и на досегашните настани на МЕСА,
борбата помеѓу играчите ќе биде пренесена во живо на најголемата интернет платформа за стриминг
Twitch.tv, односно на Twitch.tv/mesa_esports
Ги покануваме сите заинтересирани заедно да ги проследиме овие турнири кои се дел од Gaming
Weekend, како и секогаш не очекува забавна дружба со гејминг заедницата и одлично натпреварување
помеѓу играчите.




Коментари

[fbcomments]