ОНА КОГА 16 ЧАСА МИСЛИШ НА ЕДНО ЛИЦЕ, А ОСТАНАТИТЕ 8 ГО СОНУВАШ

Дали го знаеш она чувство кога сакаш да бидеш до некој, а проклетите километри те спречуваат?

Мразам километри. Ги мразам. Ги мразам кога ме делат од некој што го сакам. Дали е праведно? Освен тоа, едно друго чувство дали знаеш? Она кога 16 часа мислиш на едно лице, а останатите 8 го сонуваш.

Тоа го знаеш ли? Заебано е. Тие 16 часа само те мислам, а другите 8 сум до тебе. Повеќе би сакала да е обратно.

Да те сонувам 16, а да те мислам 8, може?

А може ли едноставно да бидам до тебе засекогаш. Океј, не е едноставно, но може ли?

Да те сакам толку колку што има љубов во целиот универзум, дека сигурно има уште на многу планети живот освен на оваа. Како ли се сака таму? Исто така како тука?

Не дај Боже. Да преминеме на главното, тоа чувство е многу заебано, многу. Тоа што не можам да те гушнам и да ти кажам два збора ме убива секојдневно.

Технологијата не ме исполнува. Сакам да те гледам во очи додека комуницирам со тебе. Но, пишано ми било вака. Ако ништо друго, барем сме под исто небо.

С.




Коментари

[fbcomments]