Категории

Она што го даваме во љубовта е поважно од она што ни е потребно од неа

Каква би требала да биде личноста која ќе не сака? Всушност, вистинското прашање е „каква би била личноста која би сакале да ја сакаме?“

Овие прашање се толку вообичаени и често веќе имаме подготвен одговор и набројуваме нешта како да се работи за попис во продавница.
Но можеби само треба да се запрашаме, што сме подготвени да и пружиме на таа личност кога ќе влезе во нашиот живот?
Во човечката природа е да сакаме одредени квалитети и карактеристики и тие можат да имаат значајна улога кога се заљубуваме. Но од друга страна, одржувањето на таа љубов и меѓусебното почитување не е поврзано воопшто за тоа што го сакате. Нештото е во тоа што го давате – искрено и со полно срце.

Можеме да станеме толку фокусирани на сопствените желби, а личноста спроти нас да ги посакува токму истите нешта. Ако на сите само им е потребно, а не се подготвени да го дадат, љубовта ќе се изгуби некаде по патот.
Пружете поддршка, верност, поклонувајте искреност, љубов, поклонувајте добрина но секако не толку да останете празни. Затоа што не можете да давате искрено ако не се грижите за себеси.

Откријте што ве прави среќни и немојте одговорноста за тоа да ја префрлате на некој друг.
Често слушаме „би сакала некој да ми подари цвеќе, да ме одведе на пат..“. Дури одиме и толку далеку да ја користиме како услов – „Ако ме сака, ќе го направи тоа и тоа..“

Преку давањето, среќата се враќа. Кога давате се од себе за некого, неговата среќа се претвора во ваша. неговата љубов спрема вас расте, а вие го чувствувате тоа и со тоа се храни и вашата љубов. И тогаш станувате две личности кои би направиле се на светот за меѓусебна среќа. Затоа што љубовта нема врска со тоа што ви е потребно, туку со она што го давате.

Прегледи:
557
Објавено на:
07.02.2020