Категории

Она што не ми припаѓа мене – ГО ПУШТАМ!

Да заробиш некого со љубомора сигурно нема да те доведе до среќата.

Зошто да бидеш љубоморен?
Ако некому му ја дадеш својата љубов, а таа личност не ја цени и не те сака – или му дава признание на некој друг за кое сметаш дека ти припаѓа тебе со право, сигурно е дека љубомората нема да успее да ја задржи таа личност, нити ќе ја исцели раната во вашиот однос.

Да го заробиш некого со љубомората и потребите сигурно нема да те доведе до среќа.
Успешните односи можат да растат само со помош на љубовта и довербата. Љубовта опстанува кога има почит, смисла и кога нема посесивност.

„Слободен сум од оковите на љубомората и стравот. Што треба да биде мое, ќе биде мое. Што не е мое, го пуштам.“

Така ќе се ослободиш од љубомората, стравот и ќе имаш чудесен живот. Ти можеш да бидеш слободен. Она што треба да ти припадне, ќе биде твое, а она што не ти е наменето, и онака нема да ти донесе среќа.

Исполнетоста лежи во унапредувањето на себеси, така наместо да ги бараш другите, почни да се бараш себеси. Дај му љубов на пријателството без очекувања и побарувања нешто за возврат. Очекувањата само ќе те направат жртва на бедата.

И додека се трудиш да се унапредиш себеси, прави го тоа сигурен во своите доблести и вредности. Секогаш трудите се дека бидеш ангелот во себе, што и да мислат другите. Биди искрен, добар, сакај ги другите и разбирај ги. Кој не одговара на твојата добрина, не е достоен за твоето внимание.

Дури и кога ќе го изгубиш саканиот, подобро е да го пуштиш тој да мисли дека си ангел, а не зелено љубоморно чудовиште. Нека таа личност замине држејќи ја во мислите твојата љубов – и таа љубов засекогаш ќе остане во неговото срце.

Прегледи:
511
Објавено на:
19.02.2020