Категории

Она што сте го направиле ќе ви се врати – ДОБРОТО секогаш го пронаоѓа својот пат

Вистинита приказна која докажува дека доброто секогаш со добро се враќа!

Во почетокот на дваесеттиот век, еден ден еден селанец се враќал накај својата куќа од нива. Поминувајќи покрај мочуриштетот, одненадеж слушнал повик за помош. Селанецот притрчал по гласот и одеднаш забележал дете како беспомошно тоне во тлото на мочуриштетот. Човекот нашол некоја гранка и му помогнал на детето да излезе на суво. Детето сеуште плачело и се тресело кога излегло надвор.
„Дојди со мене во мојот дом да се загрееш и да се смириш“, рекол селанецот.
„Не можам, татко ме чека. Веројатно е многу загрижен“, рекло дететот и заминало трчајќи.
Утрото селанецот забележал два чистокрвни коњи со кочија како се приближуват кон неговата куќа. Добро облечен господин слегол од кочијата:
„Дали вие вчера го спасивте мојот син?“
„Да, така е“, одговорил селанецот.
„Колку ти должам?“, прашал господинот.
„Немојте да ме навредувате, господине. Ништо не ми должите. Го направив она што секој нормален човек би го направил!“
„Не, не можам тоа да го оставам така, сепак тоа е мојот син. Кажи ми било каков износ.“
„Не сакам повеќе да зборувам за тоа – збогум!“, селанецот со завртил и заминал. А потоа неговиот син истрчал од куќата.
„Ова е твојот син?“, господинот го прашал.
„Да“, гордо извикал селанецот галејќи го момчето по главата.
„Ајде да направиме вака: Одведи го твојот син со себе во градот и јас ќе го платам неговото образование. Ако е човечен како неговиот татко, тогаш нити ти нити јас нема да жалиме за своите одлуки.“

Поминале неколку години. Синот на селанецот завршил средно образование, потоа медицински факултет, а набрзо неговото име станало надалеку познато. Тоа дете се викале Александар Флеминг – човекот кој го открил пеницилинот.
Пред војната, синот на тој господин влегол во една лондонска клиника со најтежок облик на воспаление на плуќата. Што мислите, што овој пат му го спасило животот повторно? Да, пеницилинот кој го открил Александар Флеминг.
Името на господинот кој го платил школувањето на Флеминг било Рандолф Черчил. Неговиот син бил Винсент Черчил, кој подоцна станал премиер на Англија.

Можеби Винсент Черчил се присетил точно на ова случување кога рекол:
„Она што сте го направиле, ќе ви се врати!“