Категории

Оние кои се ежат на музика имаат посебен мозок

Врската помеѓу музиката и човечките чувства била предмет на истражување на Оксфорд, кое покажа дека поединците кои се возбудени од музиката имаат поинаква структура на мозокот од оние кои не чувствуваат ништо при слушањето музика

Чувствата се одразуваат на различен начин кај секого, а кај оние кои музиката ги возбудува на посебен начин тоа се рефлектира на тој начин што им се „ежат“ рацете, или им се појавува „кнедла во грлото“.
Таквите доживувања, кои се јавуваат при слушањето музика, се причилно ретки и единствени. некои луѓе ги доживуваат секој пат кога ќе слушнат песна или стих, кој ги потсетува на некое случување од минатото.

Метју Сачс, поранешниот студент на Харвард, минатата година проучуваше поединци на кои музиката им предизвикувала чувства. Истражувањето опфати 20 испитаници, од кои 10 признале дека ги доживуваат горенаведените чувства при слушањето музика.

Откри дека оние кои успеале да воспостават емотивна и физичка врска со музиката, всушност имаат различна структура на мозокот од оние кои немаат такви чувства. Истражувањето покажа дека тие реакции често се користат и како третмани за психолошко пореметување.
Исто така оние кои имаат тенденција да се „ежат“ при слушањето на некоја музика, потешко развиваат стрес или депресија.

Прегледи:
275
Објавено на:
04.12.2019