Оној кој сте биле во минатото не ја одредува вашата иднина!

Сами донесувајте ги своите избори, вие живеете со нивните последици а не другите!

Сосема е во ред да признаете дека се плашите. Стравот не е слабост, напротив, стравот покажува дека сте човек и дека имате нешто вредно кое можете да го изгубите.
Во ред е да се посомневате во бесмисленоста на се, но не е во ред да им дозволите на тие мисли да ве контролираат и водат низ животот. Вреди да се борите и за најмалиот зрак светлина во вашиот живот, и колку да е несигурна. Вреди да верувате и да и се препуштите на таа една шанса за успех дури и кога постојат милион шанси за пропаст.

Никогаш немојте да ги слушате другите кога се во прашање вашите лични избори од кои зависи вашата иднина и вашето секојдневие. Само вие го имате тоа право да донесувате сопствени избори затоа што на крајот од денот вие живеете со нивните последици а не другите.

Знајте дека после секоја рана следи исцелување и верувајте му на времето и неговата моќ. Верувајте во иднината затоа што ништо на овој свет не е вечно, нити дождот, нити мракот, нити тагата.

Оној кој сте биле во минатото не ја одредува вашата иднина. Вие не сте личноста од вчера. Одлучете денес да станете човек каков посакувате да бидете и сите ваши поранешни избори и грешки веќе не се важни. Важно е тоа што сте се одлучиле да направите промена и сте почнале да верувате во себеси дека заслужувате да станете друг човек со кого ќе се гордеете.




Коментари

[fbcomments]