Опкружена со 5 мориња, во неа луѓето живеат долго и без болести: Ова е најздравата земја во светот!

На второ место е Исланд, на трето Швајцарија, додека на четврто и петто место се наоѓаат Сингапур и Австралија.

Ако сакате да живеете што подолго, сѐ што треба да направите е да се преселите во Италија!

Оваа медитеранска држава е опкружена со пет мориња и означена е како најздравата земја во светот по Блумберговиот Глобален здравствен индекс од 163 земји. Врз основа на ова, бебињата во Италија може да очекуваат дека ќе живеат и до осумдесеттите.

Иако Италија е меѓу најразвиените земји во светот, нејзиниот раст стагнира веќе со децении, речиси 40% од младите се невработени, а земјата има и големи долгови.

Наспроти сѐ, Италијанците се во многу подобра форма од Американците, Канаѓаните или Британците, кои во голем број патат од висок крвен притисок и холестерол.

Италијанската кујна има голема заслуга во доброто здравје на нацијата. Тука е и медитеранската исхрана, богата со зеленчук и маслиново масло, кое Италијаните го обожаваат.

Во меѓувреме, 4.500 км јужно, во Сиера Леоне, во просек дете кое е сега родено ќе умре на 52 години, што го прави ова поднебје најлошо за живот.

Секоја држава е оценета врз основа на очекуваното траење на животот, причините за смрт и здравствените ризици, како висок притисок, пушење, глад и пристап до вода за пиење.




Коментари

коментари