Категории

ОПШТИНА КАРПОШ И ЦРВЕН КРСТ РАСПИШУВААТ КОНКУРС ЗА НЕГУВАТЕЛИ НА СТАРИ ЛИЦА И ЛИЦА СО ПОПРЕЧЕНОСТ

Општината Карпош и Црвен крст на Град Скопје распишуваат конкурс за обука на негуватели за помош  и нега на стари лица и лица со попреченост. Сите кандидати можат да конкурираат на информациите кои следат во овој линк.

Општина Карпош и Црвен крст на град Скопје, за потребите на проектот – Нега на стари лица во домашни услови во општина Карпош, финансиран од Министерство за труд и социјална политика и Светска банка, во рамки на ПРОЕКТ ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА СОЦИЈАЛНИТЕ УСЛУГИ, распишуваат:

К О Н К У Р С

за обука за Негувател/ка за помош и нега на стари лица и лица со попреченост
Се повикуваат сите заинтересирани лица кои сакаат да посетуваат обука и да се
стекнат со верификуван сертификат да аплицираат во периодот
од 10.02.2021 до 10.03.2021 година.

Кандидатите треба да ги исполнуваат следните услови:
– Да се државјани на Р. С. Македонија;
– Да имаат над 18 години;
– Да имаат општа психо-физичка способност за работа;
– Да имаат завршено минимум основно образование;
– Да бидат мотивирани за работа со стари и немоќни лица, и лица со
попреченост;
– Да бидат подготвени да обезбедуваат помош и нега во домот како
негуватели, по завршување на обуката.

Предност се дава на лица кои живеат во општина Карпош, лица кои ја изгубиле работата во време на пандемијата,
се невработени и/или лица од ранливакатегорија на граѓани. Но, секое лице кое е заинтересирано за работа како
негувател во рамки на овој сервис го охрабруваме да се пријави.

Напомена: Обуката за Негувател/ка за помош и нега на стари лица и лица со попреченост е сертифицирана.

Заинтересираните кандидати можат да се пријават со контакт податоци на е- маил:
[email protected] ; тел. 070 352 246 .
Секој заинтересиран кандидат ќе биде повикан на индивидуално интервју.

Прегледи:
698
Категории:
Настани · Скопје
Објавено на:
18.02.2021