Категории

Оптичка илузија стара 100 години открива како вашиот мозок функционира

Зајак или патка, патка или зајак. Ниедно од нив или двете?

Ова е прашање што стотина години е предмет на дебата, а станува збор за цртеж прв пат објавен во германски магазин од 1892 година.

Оваа илузија кажува многу за тоа како работи човечкиот мозок, во зависност од тоа дали прво гледате патка или зајак, укажува на тоа колку сте креативни и колку брзо работи вашиот мозок.

Американскиот психолог Joseph Jastrow ја правил оваа слика позната во 1899 година. Jastrow ја употребувал илузијата за да ја проучува работата на мозокот.

Истражувањата покажуваат на тоа дека креативните луѓе побрзо ја менуваат сликата меѓу двете животни, отколку другите луѓе.

Интересни резултати дало истражувањето кое било направено на деца и тоа во различни периоди во годината. Периодот околу Велигден, поголем број прво го гледале зајакот, додека во Октомври повеќето прво ја гледале патката.

Прегледи:
2972
Објавено на:
15.02.2016