Многу дами ќе посакаат да го ископираат лежерниот стајлинг на популарната актерка
41-годишната актерка Кејти Холмс беше забележана на њујоршките улици во Сохо во прекрасен летен секојдневен стајлинг. Таа носеше краток црн комбинезон со каил околу струкот кој совршено ја истакна нејзината линија. Комбинезонот со детали и реси го заоктужи со црна ташна, наочари за сонце и шарена заштитна маска.
На нозете носеше рамни сандали кои делуваат удобно и се вклопуваат во секоја дневна комбинација.