Категории

Орхидејата може да цвета во текот на цела година: Само треба да го направите ова!

Знаете дека орхидејата цвета од 2 до 6 месеци, но ако ги направите овие 9 работи, ова цвеќе ќе цвета цела година..


За да имате во вашиот стан орхидеја која постојано ќе цвета, мора да ги следите овие чекори:

1. Откријте ја возраста на орхидејата пред да ја купите
Орхидеите цветаат на возраст од 1,5 до 3 години. Возрасната билка што е подготвена за цветање треба да има 5 до 8 пупки. Ако растението е младо а е расцветано, не е добро, бидејќи ќе нема доволно сила да се справи од цветовите, така што може да се исуши.

2. Не ја поместувајте од местото
Преместувањето на орхидејата од место на место е вистински стрес за неа. Ова цвеќе не сака дури ни мали движења. Орхидејата реагира на позицијата во однос на светлината. Ако сте ја преместиле за наводнување, мора веднаш да ја вратите на истото место. Движењето негативно влијае на цветањето.

3. Внимавајте на корењата

И на корењата на орхидејата им треба светлина. Наместо керамички, многу е важно да се користат пластични садови кои пропуштаат светлина, што ќе овозможи коренот да учествува во процесот на фотосинтеза.

4. Внимавајте на светлината
Сончевата светлина е многу важен фактор што влијае на цветањето на орхидејата. На орхидеите им е потребна дневна светлина од 10 до 12 часа на ден, во спротивно нема да цветаат. Ако цвеќињата немаат природна светлина во есен или зима, мора да ги осветлите со светилки.

5. Правилна температура
За да цвета орхидејата, ноќната температура треба да биде од 4 до 6 степени пониска од дневната. Во текот на летото, се советува орхидејата да се чува на отворено, додека во зима просторијата во која престојува орхидејата мора да се проветрува.
Но, внимавајте – орхидејата не сака провев!

6. Полевајте ја правилно
Пред и за време на цветањето, орхидејата треба интензивно да се полева. За време на хибернацијата, наводнувајте ја на секои 12 дена. Ако нејзините лисја се бледи, оставете ја уште некое време. Кога ја наводнувате, потопете ја во вода и оставете ја еден,  два часа. Потоа добро исцедете го вишокот вода и вратете ја орхидејата на своето место.

7. Влажност на воздухот
Друг важен услов за цветање на орхидејата е влажноста. За да ја зголемите влажноста, поставете чинија со вода до орхидејата. За време на зимата, кога греењето е вклучено, прскајте го растението со вода. Орхидејата сака влажност на воздухот до 60%.

8. Изберете го вистинското ѓубриво
Орхидејата сака калциум и фосфор, бидејќи тоа го поттикнува цветањето. Никако не ставајте ѓубриво со азот, тоа само ќе ја уништи.

9. Орхидејата мора да се исплаши
За да цвета вашата орхидеја, потребен е стрес! Да, добро разбравте! Тоа мора да го направите ако орхидејата ги има сите услови, а не цвета. Ова се случува ако на орхидејата и е премногу добро. Затоа, треба малку да и се „заканите“, да ја шокирате: намалете го наводнувањето или преместете го растението на поладно место!

Забелешка: Кога орхидејата престанува да цвета, мора да ја негувате иста како во фазата на цветање.

Се пресадува на секои 2 до 3 години и кога корењата почнуваат да “излегуваат” од саксијата.

Исто така, орхидејата не сака комоција, затоа пресадете ја во помала саксија која ќе ги задржи корените близу еден до друг.

Прегледи:
488
Објавено на:
11.10.2019