Категории

Ослободете се од настинката: Пригответе го традиционалниот рецепт „златен мед“!

Куркумата во комбинација со мед е драгоцен природен лек. Има силно дејство против воспаленија и ги уништува бактериите кои предизвикуваат болести.

За разлика од синтетичките антибиотици, со кои се полни аптеките, овој лек нема негативен ефект на цревната микрофлора. Напротив, консумирањето на куркума и мед значително го подобрува варењето и ја зголемува активноста на корисната флора во цревата.

Подготовка: 

Во 100 гр мед додадете 1 полна супена лажица куркума, добро промешајте и префрлете ја смесата во стаклен сад.

Да се консумира при првите симптоми на настинка:

  1. ден – на секој 1 час по половина кафена лажица, во текот на целиот ден
  2. ден – на секои 2 часа по половина кафена лажичка
  3. ден – три пати дневно по половина кафена лажичка

Смесата треба полека да се топи во устата додека не се растопи целосно. Обично, по три денови настинката престанува и организмот се опоравува. Оваа смеса можете исто така да ја користите и за комплексното лечење на респираторните оболувања, земајќи по 1 кафена лажичка три пати дневно во текот на неделата. Можете да додавате и млеко или чај.

Напомена:

Ако земате било какви лекови, консултирајте се со својот лекар. Особено, ако патите од хемофилија или хипертонија, бидејќи куркумата ја разредува крвта и го намалува притисокот. Но, покрај намалувањето на притисокот куркумата може да го намали и шеќерот во крвта. Луѓето кои патат од дијабетес, исто така мора да се консултираат со својо доктор. Но, она што е навистина опасно е консумацијата на куркума доколку имате оболување на жолката и таложење камен во неа, бидејќи куркумата предизвикува контракција на мускулите на жилчната кеса.

Совет плус:

Индо – тибетанската медицина гласи: ако користите куркума по оброкот – делува на грлото, белите дробови, за време на оброкот – на системот за варење, по оброкот – на дебелото црево и бубрезите.

Прегледи:
379
Објавено на:
11.02.2019