Категории

Ослободете се од непријатната миризба: Ова се 5 причини за прекумерно потење!

Прекумерното потење може да биде последица на временските услови. Потењето може да го предизвикаат и сериозни болести како хиперхидроза. Издвојуваме 5 главни причини поради кои доаѓа до непријатното потење.

Секогаш сте нервозни

Ако се возбудувате лесно и ако немате трпение, веројатно повеќе ќе се потите од луѓето кои можат да останат со ладна глава. Причината е едноставна. Температурата на телото и крвниот притисок растат кога сте лути. Вашето тело го ослободува хормонот на стресот, кој ги стимулира потните жлезди. Доколку сакате да избегнете вакви ситуации, рзмислете за медитација или тренинзи против агресија.

Постојано сте под стрес

Стресот исто така може да биде причина за потење. Кога имате долга листа на обврски, вашиот мозок прогласува вонредна состојба. Хипоталмусот тогаш го стимулира крвниот притисок, а вие се загревате и потите.

Што може да ви помогне? Од стресот може да се ослободите преку медитација, а обидете се и да се организирате подобро и подобро да управувате со времето за да го спречите дополнителниот стрес.

Јадете премногу зачинета храна

Сигурно сакате чили и љљубители сте на мексиканската кујна? Вистина е дека храната може да даде дополнителна арома, но подобро да размислите уште еднаш. Капсаицинот се јавва во различни видови пиперки и ги активира оние нерви кои реагираат на топлина. Вашето тело ќе се излаже и порастот на температурата ќе се регулира преку потењето.

Пиете премногу кафе

Кофеионот како и капсаицинот, може многу лесно да доведе до зголемено потење. Ако пиете премногу кафе, ете го одговорот. Кофеинот го стимулира нервниот систем, крвниот притисок и пулсот така што додека телото функционира, му станува топло и тоа се лади со потење. Ова особено важи за оние кои пијат исклучиво силно кафе.

Прегледи:
539
Објавено на:
12.06.2019