Категории

Ослободете се од стресот и излечете ја главоболката – Моќни совети кои ќе ви помогнат

Во текот на денот, одвојте еден час за себе и потрудете се да преземете се што е неопходно за да изгледате и се чувствувате најдобро што можете.

Потребно е грижата за себеси да стане ваша рутина и да не размислувате за неа како непотребно губење на драгоценото време, туку негувањето на психофизичкото здравје да го гледате како ваш приоритет кој е неопходен за секојдневно функционирање. И самите ќе увидите колку тоа влијае добротворно врз вас и врз луѓето во вашата околина.

Како најлесно да се ослободите од стресот 
Тренирајте во група со луѓе а не иднивидувално, пешачете во природа и одвојте се од екранот, телефонот и компјутерот независно од временските прилики и годишното време. Пешачењето во природа го враќа позитивниот дух и ги растеретува мислите.

Излечете ја главоболката
Покрај бројни препарати за борба против мигрената, еден ефикасен природен лек кој е исто толку делотворен е етеричното масло од црн бибер. Тоа е извонредно во третирање на главоболката како и болката во мускулите. Се препорачува масирање на етеричното масло од црн бибер во пределот на главата каде што чувствувате болка. Можете да го измешате и со други етерични масла кои смируваат.

Прегледи:
448
Објавено на:
01.11.2019