Категории

Ослободете се од вртоглавицата со овој едноставен трик!

Вонредниот професор по оториноларингологија Керол Фостер, од Универзитетската болница во Колорадо, знае трик за ослободување од вртоглавицата.

Техниката позната како полукруг, им помогнала на многу пациенти кои патат од вртоглавица.

Обидете се и вие!

За да се ослободите од вртоглавицата, најпрво клекнете. Подигнете ја главата и погледнете во плафон, а потоа спуштете ја на под, како да се подготвувате да направите колут напред.

Потоа свртете ја главата кон левиот лакт. Пауза… И дишете, додека вртоглавицата не помине.

Вратете ја главата на средна положба, па подигнете ја. Седнете и брзо издишете. Ќе почувствувате големо олеснување.

Прегледи:
381
Објавено на:
03.10.2019