Категории

Основачот на Плејбој, Хју Хефнер, почина на 91 годишна возраст

Спокојно, од природни причини во својот дом во Лос Анџелес, почина човекот кој испиша историја и го промени 20тиот век со Плејбој магазинот. 

Хју Хефнер почина на 91 година, а во 1953 година започна да ја пишува историјата кога во својата кујна го создаваше популарниот магазин, кој стана најпродаваниот машки магазин во свеотот, со дури до 7 милион продадени примероци месечно.

Првото издание содржеше низа фотографии од Мерилин Монро што Хефнер ги купил за 200 долари. Тие првично биле направени за календар во 1949 година.

 

„Плејбој“ веднаш станува сензација, благодарение на разголените фотографии на познати и помалку познати актерки, манекенки и „зајачици”. Хефнер го промовира „Плејбој“не само како списание туку и како начин на живот, организирајќи луди забави во неговата палата во Лос Анџелес. Издавачот самиот дава пример со честите врски со своите „зајачици“ од средните страници на списанието, наведувајќи по неколку од нив како неговата прва, втора или трета девојка.

Хефнер помогна во пропагирањето и јакнењето на сексуалната револуција во 60-тите со магазинот Плејбој, со кој изгради бизнис-империја. Ќе остане запаметен како медиумски магнет, мултимилионер и човекот кој на светот им ги донесе „зајачиците“.

Купер Хефнер, неговиот син, рече дека тој „многу ќе им недостига на многумина“. Тој му оддаде почит на „исклучителниот и влијателен живот на својот татко како медиум и културен пионер“ и го нарече застапник за слободниот говор, граѓанските права и сексуалната слобода.

Прегледи:
343
Категории:
Секојдневие
Објавено на:
28.09.2017