Основни карактеристики на луѓето родени во знакот Близнаци

Променливост е вистинскиот збор за овој знак. Остроумен и елоквентен, Близнакот претставува две различни страни на личноста и никогаш нема да бидете сигурни со која ќе се соочите. Од една страна Близнакот може да биде друштвен, комуникативен и подготвен за забава, додека од друга страна овој знак е замислен, сериозен, немирен па дури и неодлучен. И двете страни на Близнакот се способни добро да се прилагодат на животните опкружувања, поради што е одлично да ги познавате. Ништо не е здодевно кога е Близнакот во главна улога.

 

Љубов и секс

Забавен и секогаш подготвен за интелектуален предизвик, Близнакот е страствен љубовник. Разговорот кој и претходи на љубовната игра е исто толку важен колку и самиот физички контакт, и кога тие две работи ќе се соединат, веќе ништо не претставува препрека. Љубопитен и секога ш подготвен на флерт, Близнакот ќе помине многу време со различни љубовници додека не ја пронајде вистинската личност која му одговара и интелектуално и енергетски. Кога ќе го пронајде совршениот партнер, Близнакот ќе го прати цел живот.

Пријатели и семејство

Близнаците се многу друштвени личности и сакаат да поминуваат време со пријателите и семејството. Во одредени моменти овој променлив знак ќе посака да експериментира со спортови, додека понекогаш и играњето карти ќе ја задоволи неговата потреба за друштвени игри. Само оние кои се слични по интелектот и љубовта кон различностите ќе најдат заеднички јазик со него. Близнаците сакаат да разговараат и да бидат сфатени, така што еден од квалитетите кои го бараат кај другите личности е комуникацијата. Семејството им е важно, особено оние членови од семејството кои се слични на нив.

Кариера и пари

Најсоодветната работа за Близнаците е онаа која го стимулира интелектот, а „мислам“ е клучниот збор на овој знак. Важно им е работата со која се занимаваат да биде динамична и полна со предизвици иначу бргу ќе им здодее.

Професии како учител, полемичар, новинар, писател, проповедник или адвокат се многу соодветни за овој знак. Уште еден добар избор за професија на Близнаците е и трговијата.

Иако за Близнаците парите се нужно зло, поголемиот дел од нив нема да поминуваат многу време во размислувањето за заработката. Но, сепак успеваат да создадат баланс. Тоа е поради флексибилноста која ја поседуваат.

Особини

Сила

Љубопитност, способност да разменуваат идеи, прилагодливост, нежност, љубезност.

Слабости

Расфрлање на енергијата на повеќе места одеднаш, променливост во љубовта, нервозен, слаба концентрација.

Харизматични ознаки

Изразени очи, брзина, бистрина, честопати ситна градба, префинетост.

Сака

Музика, весници, книги, блогови, муабетење речиси со секого, кратки патувања.

Не му се допаѓа

Повторување и рутина, самотија, затвореност.




Коментари

коментари