Категории

Особини кај жените на кои не можат да одолеат мажите

Физичкиот изглед не е број еден карактеристика која апсолутно ги привлекува мажите. Многу поважен е вашиот став, начин на размислување, погледот на животот и мисслата за хумор.

Љубезност

Мажите секогаш ќе забележат драга и љубезна девојка, особено ако размислуваат да бидат во врска со неа. Доброто со добро се враќа, па доколку сакате добро момче, многу поважно е да бдете искрено љубезна отколку да глумите злобница.

Емотивна состојба

Девојките кои на се гледаат негативно и песимистички, нема да ги привлечат повеќето мажи. Тие ќе приметат ако нешто ве мачи, но ако негатовноста е константна, со текот на времето ќе бидете поврзана со песимистички поглед кон светот. Секој има потреба од личност која ќе го прави среќен и весел.

 

 

Финансиска состојба

Начинот на кој менаџираме со финансиите кажува многу за нас. Како што жените можат да донесат многу заклучоци базирани на оваа тема за мажите, истото важи и за мажите.

Ставот кон другите жени

Ги прифаќате ли другите жени, поубавите и попаметните од вас или им барате маани со кои ќе ги „спуштите“? Бидете сигурни дека секое ваше одмерување е забележано од мажите, а тоа не е привлечно и говори многу за вашата самодоверба.

Бројот на пријатели

Важно е да имате свој живот и свои пријатели или пријателки со кои ќе ги делите своите искуства. Доколку немате пријатели, тоа за мажите претставува аларм дека нешто не е во ред.

Насмевка

Девојките кои не се плашат да ги покажат своите емоции и се смеат од срце, секогаш ќе ги магепсуваат момците.

Смисла за хумор

Девојките со добра смисла за хумор се изразено атрактивни за момците, особено ако сами знаат да смислат шеги и доколку ги разбираат шегите на другите.

Животни цели

Жените со јасни цели и амбиции дефинитивно ги фасцинираат мажите, ги прошируваат нивните видици и внесуваат ентузијазам.