Категории

Остани ЧОВЕК – Само тоа ќе ги уништи сите нелуѓе во твојот живот

Нека доброто почне од тебе. Покажи им што значи да се биде човек, нека изгнијат во сопствената омраза

Не ја префрлувајте вината зборувајќи „времињата се лоши“ па не може да се биде добар човек. Времињата ги одредуваме ние, нашето размислување и нашите одлуки. Немој да се откажеш од своите идеали поради неколку погрешни потези или падови затоа што никогаш не можеш да знаеш колку далеку можеш да стигнеш со својата истрајност и цврстина.

Треба да останеш човек и кога сите околу тебе се нечовечни. Нека видат како изгледа вистинското лице на човечноста и нека се засрамат пред својата нискост.
Тоа е единственото најдобро нешто кое што можеш да го направиш и единствената шанса која ја имаш да започнеш подобро утре.

Остани свој без оглед на се, никогаш немој да дозволиш да потонеш во толпата. Затоа што најчесто е доволен само еден кој може да направи промена вредна за сите.

Прегледи:
811
Објавено на:
28.03.2020