Категории

Островот на долговечноста – Тајната поради која луѓето на ова место живеат по 100 години

Островот Окинава во Јапонија има прекат „остров на долговечноста“. Тоа не е изненадувачко со обизр на тоа што многу луѓе живеат и повеќе од 100 години, а секвупно помеѓу популацијата има помалку срцеви удари, тумори и проблеми со губење на помнењето.


Многу веруваат дека „икигаи“ е тајна на нивниот плоден и среќен живот кој често трае и повеќе од 100 години. Икигаи од јапонски се преведува како „причина за постоење“ или „страст за живот“. Тоа е специфична цел која мотивира поединци да станат од креветот и да се радуваат на секој нов ден. Икигаи никогаш не бил поврзан со финансиската благосостојба или големиот попис на имот.

Окинава е посебна затоа што поттикнува создавање на тесни врски помеѓу жителите. Голем дел се членови на една група под називот моаи врз основа на пријателство, заеднички интереси или деловни причини, и често се состануваат со цел да разговараат за важни и неважни теми и да пружат поддршка. Членовите на моаи често даваат парични прилози со цел да помогнат на останатите членови со потреби.

Долговечноста на луѓето на Окинава исто така се припишува на нивната здрава исхрана. Во книгата „Икигаи: Јапонска тајна за долг и среќен живот“, авторите Хектор Гарсија и Франческо Миралес истакнуваат дека луѓето јадат диета заснована врз зеленчук и храна богата со антиоксиданси и редовно се занимаваат со физичка активност.

Окинавците јадат во мали порции, не веруваат во прејадување и внесување на храна додека се чувствуваат сито околу 80%. Исто така важно е да се напомене дека тие конзумираат само третина шеќери од јапонско потекло, што ги прави здрави и среќни. На крајот, живеат во хармонија со природата, се опкружуваат со луѓе кои ги сакаат и остануваат активни во сите аспекти на животот.

Прегледи:
117
Објавено на:
29.11.2020