Освен за консумација, лукот е одличен во справување со болките во забите, опаѓањето на косата, проблеми со кожата…

Познато е дека лукот е еден од најмоќните борци за здравјето, а погледнете што за вас може да направи маслото од лук. Лукот е едноставен и достапен природен лек. Во народната медицина се користи за лечење на многу болести и тегоби. Згмечете лук и загрејте го со маслоново масло од 5 до 8 минути. Смесата турете ја во стаклен сад.

Ова масло може да го употребувате и при борбата со кандида и останатите проблеми на кожата. Маслото од лук нанесете го еднаш дневно на подрачјето на кожата која треба да ја третирате и повторувајте ја оваа постапка 7 денови. Маслото содржи хемиски комбинации, минерали и витамини кои помагаат во борбата против акните.

Лукот ги содржи витамините Е и Ц кои се одличен сојузник во борбата против опаѓањето на косата. Нежно масирајте го темето и измијте го следниот ден.

Натопете ја ватата со масло од лук и ставете на забот кој ве боли. Состојката алицин помага при намалување на болката и делува противвоспалително.




Коментари

коментари