Осветлете ја кујната со помош на ЛЕД ленти (ВИДЕО)

Ако работната површина во кујната ви е во мрак, а светлото кое го имате не е доволно, тој проблем можете да го решите со помош на ЛЕД ленти.

Лед лентите се сјаен начин да осветлите некој дел од вашиот ентериер, а овој тип на осветлување посебно е добар за осветлување на работната површина во кујната која се наоѓа под висечките елементи. Многумина одлучуваат во својата кујна да вградат неонско осветлување, но ЛЕД лентите се подобар избор бидејќи ви овозможуваат да ја осветлите целата кујна.
За да го изведете овој проект потребни ќе ви бидат ЛЕД лента и адаптер од 12V кој одговара на должината на ЛЕД лентата. Денес на пазарот постојат голем избор на ЛЕД сетови кои во себе содржат неколку метри лента, адаптер и далечинско за исклучување и уклучување на светлото.
Монтирањето на овие ленти е навистина едноставно. На лентата се наоѓа целофан кој треба да се одлепи. Кога ќе се одлепи, лентата е самолеплива и многу лесно може да се залепи за кујнските елементи. Потоа, лентата треба да се спои со адаптерот и да се уклучи во струја. Адаптерот може да се стави и внатре во кујнските елементи и да се извлече кабел кој ќе се уклучува во штекерот, за да има помалку видливи кабли.
Исто така може да се купат и алуминиумски профили за ЛЕД ленти во кои полесно може да се стави самата ЛЕД лента. ЛЕД лентата може да свети во ладна или топла бела боја, или пак можете да изберете ЛЕД ленти во различни бои.




Коментари

коментари