ОСВЕТЛИ ГО СКОПЈЕ – Ноќно качување до Милениумскиот Крст

На 15 Август 2019, четврток во 19:30 часот, ќе се одржи „Ноќно искачување до Милениумскиот крст на Водно“.


Овој настан е со јавен карактер, што значи на оваа вечерна прошетка може да учествуваат сите оние кои мислат дека имаат доволно кондиција да се искачат до Милениумскиот Крст. Патеката по која ќе се пешачи е долга околу 5 км и се пешачи од 1:30 до 2:00 часа. Стартно и собирно место – како и досега е пред „ОУ Кочо Рацин“ во 19:15 часот. (На истото место ќе се вратиме околу 12:00 часот по полноќ)

Доколку има заинтересирани кои сакаат да тргнат од средно Водно, нека бидат кај фонтаната во 20:15 часот.

Ќе има 1 официјална пауза:

  • На Средно Водно (5 до 10 минути)

Задолжителна опрема:

  • Соодветни чевли за пешачење
  • фенерче*
  • резервна маица
  • вода
  • овошје, и храна по избор
  • Ранец
  • Фотоапарат
  • Пари за чај

НАПОМЕНА: Доколку се пријави некој со послаби кондициони способности, му препорачуваме да се искачи само до Средно Водно. Секој е на своја одговоост.

Организирано од:
www.mojtrener.mk




Коментари

коментари