Освежува и подмладува: Маска за лице од 2 состојки кои сите ги имате во кујната! (РЕЦЕПТ)

Нема потреба да трошите пари за скапи производи за нега на лице, бидејќи со користењето на оваа маска ќе постигнете подеднакво ефективни резултати.

На многумина денот не може да им започне без шолја црно кафе. Тој магичен црн напиток го прави утрото совршено и помага во потполност да се разбудите и да добиете дополнителна доза на енергија. Меѓутоа, кафето може да се користи и во друга намена. Кафето може да се користи и за ефикасно лечење и освежување на проблематичната кожа. За тоа се заслужни антиоксидансите, кои во кафето ги има во избилие.

За разлика од други препарати, кафето е природен пилинг кој ефикасно ја чисти вашата кожа и длабоко продира во порите. Нема потреба да ги трошите парите на скапи препарати за нега на лице, бидејќи со користењето на оваа маска ќе постигнете подеднакво добри резултати.

Неопходни ви се само две состојки: кафе и млеко. Ви препорачуваме да користите млеко со помал процент на масленост.

Подготовката е едноставна:

Направете смеса со соединување на двете состојки и промешајте ги.

Добиената паста нанесете ја на лице. Како и кај секоја маска, избегнувајте го пределот околу очите. Оставете ја смесата на вашата кожа да делува околу 20 минути. За тоа време испијте ја вашата утринска доза кафе. Мирисот ќе делува на сите ваши сетила и ќе ве опушти, додека маската и го чисти лицето и му ја враќа хидратацијата.

На крај, измијте ја маската со топла вода и започнете го денот освежени и подмладени!




Коментари

коментари