Категории

Освојте го додека трепнете: Совети како да се заљуби во вас

Откријте кои се клучните нешта кои ќе направат тој да се заљуби во вас…

Понекогаш не е едноставно да го освоите баш тој дечко кој го сакате. Многу жени секојдневно си го поставуваат прашањето како да се заљуби во мене, но со помош на следните совети, тоа ќе ви стане многу полесно.

Бидете она што сте
Слободно бидете најдобрата верзија на себеси, нема потреба од претварање и глумење она што не сте, кога тогаш тоа ќе исплива на виделина и може да упропасти се. Едноставно бидете спонтани.

Оптимизирајте го вашиот изглед
Не треба да правите драматични фризури и шминка по повод првиот состанок, но важно е да поводите грижа за тоа како изгледате и да го нагласите она најубавото на вас. Добрата складна облека со вашето дело, малку шминка и парфем ќе ви помогне да имате што повеќе самодоверба.

Слушајте
Мажите сакаат да зборуваат за себеси, па вие слушајте што имаат да кажат пред да почнете да зборувате за вас и обидете се да го запаметите тоа што го зборува. Ако сакате да се заљуби во вас, тој мора да почувствува дека ја пронашол сродната душа а тоа ќе го поттикнете така што ќе го слушате и ќе покажете разбирање за она што го зборува.

Немојте да ги истакнувате негативните страни
Сите имаме маани, кои кога сме во долга врска може да се толерираат но не и на почетокот. Нема смисла да ги нагласувате своите маани во текот на запознавањето, зборувајте за себе убаво и скромно, истакнувајте го позитивното.

Бидете позитивни и насмеани
Мажите сакаат позитивни и ведри девојки. Никој не сака да се дружи со негативни и песимистички личности.

Бидете нежни
Можеби мислите дека атрактивните девојки полесно ги освојуваат мажите, но грешите. Мажите сакаат нормални девојки за сериозна врска. Бидете љубезни, немојте да оговарате, да пиете и да пцуете..

Прегледи:
1297
Објавено на:
14.10.2019