Категории

Откриена мистеријата за најосамената куќа на светот

Оваа куќа стои на мал остров на среде океанот речиси цел век. Сите ги интересира приказната позади нејзиното настанување.

По сосцијалните мрежи кружат фотографии од бела куќа сместена под зелениот рид на еден мал исландски остров Елидеј.

На островот во 18 и 19 век живееле неколку семејства но во триесеттите години од минатиот век и тие малобројни жители се преселиле на копното во потрага по подобар живот. Од тогаш островот е напуштен и потполно празен а фотографијата од осамената куќа поттикна многубројни теории.

Според една верзија, куќата ја изградил екцентричен милијардер кој планирал да се повлече во илегала баш на овој остров. Други претпоставуваат дека куќата е сопственост на фанатично религиозен скитник.

Во еден миг се нагодувало дека пеачката Бјорк е сопственичка на оваа чудна куќа и дека е во преговори со владата да го купи целиот остров.

Вистината е сепак поинаква.
Островот Елидеј е населен од јата птици тупици кои се хранат со риба а белата куќа е всушност колиба која ја изгради ловечкото здружение Елидеј, иако не е сосема јасно кој го вклучува тоа друштво.
Иако тупиците се загрозена врста, на Исланд не се заштитени и не е илегално да се ловат.
Со цел да се олеснат ловечките излети, групата ја изгради куќата како база со сауна која се напојува со систем за собирање капки.
Во куќата нема струја, вода, нити водовод, но она што го има е неверојатен поглед на прекрасната природна убавина која сето тоа го надохнадува.

Прегледи:
352
Објавено на:
19.12.2020