Откриена улогата на Ед Шеран во првата епизода на Game of Thrones

Пејачот и текстописец се појави во отварањето на првата епизода од новата сезона на Игра на троновите, во улога на војник во кралската војска пратен на северот од Серсеј Ланисер, но наместо вообичаените крвави сцени, тој сподели оброк со Арја Старк откако таа се одмазди за нејзиното семејство.

Поп пејачот запеа на неговото прво појавување во мега популарната серија, во епизодата насловена Dragonstone, што го означи почетокот на седмата сезона. 

26 годишниот пејач облечен во војник, запеа покрај огнот, а Старк му вели „Убава песна, не сум ја слушнала досега.“, на тоа Шеран одговара „Нова е.“




Коментари

коментари