Откриени се желки кои светат во темнина – и тоа во различни бои

Морски биолози околу Соломонските Острови откриле вид на желка која свети во мрак и има невообичаена способност за биофлуоресценција или емитување на светлина во различни бои, како што е зелената и црвената боја.

Биофлуоресценцијата е проучувана само една деценија, а откивањето на ваков вид на желки на Соломонските Острови е прва од ваков вид, пишува “Соломон тајмс”.

Тим на биолози сé уште не знаат со сигурност зошто овие желки поседуваат ваков вид на единствена способност, но се знае дека другите видови на животни оваа способност ја користат за да комуницираат меѓу себе и за камуфлажа.

Морскиот биолог Александар Гаос, во една негова изјава, кажал дека коралите често имаат биофлуоресценција, така што е можно овие желки да ја користат оваа способност сé со цел да се вклопат во околината.

Исто така, во иднина тим на биолози ќе ја испитува хемиската реакција во овие желките за да утврдат што всушност ги предизвикува флуоресцентните бои што ги емитуваат.

Научниците од Филипините се надеваат дека ќе пронајдат уште желки од овој вид во нивните води. Ова уникатно откритие лесно може да доведе до масовни откритија кај други животни кои имаат слични вакви непознати способности, пишува “Соломон тајмс”.




Коментари

коментари